X
 08.06.2017 Технологија

Скриени трикови на Андроид уредите кои веројатно не ги знаете

Трката меѓу Андроид и Ајфон уредите продолжува. Но едно нешто е сигурно: софтверот на Андроид е поразноврсен отколку оној што го нуди Епл.

Андроид има разноврсност на моделите и верзиите што прави да е потешко да се најдат сите својства на уредот. Еве неколку скриени, кои можеби до сега не сте ги знаеле.

Сменете ги поставките за волумен независно една од друга


Вашиот уред има поставки за волуменот на ѕвонење, за нотификации, за аларм, и сл. Освен во поставките, истите може поединечно да ги прилагодите ако кликнете на физичките копчиња за волумен од страната. Мала кутија ќе се појави на екранот која ги покажува поставките на волуменот. На страната има стрелка која треба да ја допрете за кутијата да се прошири. Од овде може да ги прилагодите звуците.

Оневозможете го екранот на заклучување кога сте дома

За да Ви биде сигурен телефонот треба да поставите пин или скен на прстот за да го отклучите телефонот. Но ова пречи кога сакате побрзо да дојдете до апликациите. Со Google smart Lock ќе може да ја тргнете оваа пречка кога сте на безбедно дома. Од Settings кликнете Security и потоа изберете Smart Lock.

Вратете ги назад изгубени известувања

Можеби ненамерно сте ги тргнале известувањата кои сте сакале да ги прочитате. Ако сакате да ги видите повторно сите известувања кои дошле на Вашиот Андроид, ова е можно, иако опцијата не е лесна да се најде. Кликнете и задржете на празна површина на домашниот екран и ќе се појави режим за прилагодување на екранот. Изберете Widgets, и најдете ја кратенката за Settings. Влечете ја иконата на празно место на домашниот екран и поставете ја, па листа автоматски ќе Ви се прикаже. Изберете Notification log од листата за да ги разгледате известувањата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија