X
 08.06.2020 Здравје

Ковид-19: Новозаболени 127, оздравени 7 пациенти

Новозаразени 127 лица од Ковид-19, тројца починати и седум оздравени се регистрирани во изминатите 24 часа на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Направени се 702 тестирања. По градови, ова се новите случаи:

- Скопје 67
- Куманово 1
- Дебар 1
- Штип 33
- Тетово 10
- Струга 5
- Охрид 6
- Кочани 2
- Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Куманово (70 г.), хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје: (62 г.), хоспитализиран од 5 јуни и (78 г.), хоспитализиран на 2 јуни. Оздравеле четворица пациенти од Скопје, двајца од Тетово и еден од Гостивар. Во земјава досега се направени вкупно 37.027 тестирања за Ковид-19. Вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 3.152 пациенти. Од нив 1.653 оздравеле, 156 починале, а 1.343 се болни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје