X
 08.06.2020 Живот

Објавени резултатите од американската лотарија за зелена карта

Стејт департментот на САД ги објави резултатите за овогодишната лотарија за зелена карта на 6 јуни (сабота).

Доколку имате аплицирано, може да проверите дали сте добитник на зелена карта ОВДЕ користејќи го бројот што го добивте при аплицирањето.


Фото: Pixabay

Стејт департментот не известува преку електронска пошта и доколку имате добиено некоја порака во која ве известуваат дека сте избрани, тоа е измама. Исклучок се оние што аплицирале преку програмата „The American Dream“, кои треба да бидат известени доколку се добитници преку електронска пошта во текот на следната година.

Секоја година американските власти по случаен избор им доделуваат зелена карта на околу 55.000 апликанти од светот.

Извор: green-card.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот