X
 08.06.2021 Живот

Светот зависи од вакцината на Индија?

Индија е силно погодена од пандемијата и единствениот излез го гледа во брзата вакцинација на милијарда луѓе. Затоа тамошните компании прават вакцини првенствено за домашниот пазар, а тоа ќе се почувствува низ целиот свет.

Светот зависи од Индија? Ова секако не е претерано да се каже кога станува збор за вакцините. Индиските фармацевтски компании покриваат повеќе од 50 отсто од потребата на светот за разни вакцини.

Производителите, како Индискиот серумски институт, ги снабдуваат земјите во развој со прифатлива вакцина против коронавирусот.

Но, сега, бидејќи Индија беше сериозно погодена од пандемијата, властите воведоа ограничувања на извозот.

- Во моментов се фокусираме на производството на „Ковишилд“ за нашата земја, тоа е итно -  изјавија од компанијата.

„Ковишилд“ е пазарното име за вакцината „Астра зенека“ во Индија.

- Се разбира, можно е производството на други вакцини да престане сега, но наскоро ќе се вратиме и на тоа - додаваат од компанијата.

Овој фармацевтски гигант прави вакцини против дифтерија, тетанус, хепатит Б, сипаници, голема кашлица, заушки и рубеола. Доставува околу 1,5 милијарда вакцини годишно во 170 земји по пристапни цени. Се проценува дека околу две третини од децата во светот примаат барем една вакцина направена од Индискиот серумски институт.

kovid
Фото: Freepik

Друг голем производител е „Барат Бајотек“, кој прави домашна вакцина против корона, наречена „Коваксин“. Компанијата има 145 патенти и прави вакцини против хепатит Б или ротавирус.

Седум големи индиски производители можат да направат вкупно 8,2 милијарди различни вакцини годишно.

Многу, а евтино

Експертите велат дека индиските власти ја пропуштиле можноста рано да утврдат некои од тие капацитети за производство на дополнителни вакцини против коронавирусот.

- Ќе бидеме осудени ако ги повториме истите грешки, ако не научиме ништо од оваа криза -  вели Џејкоб Џон, вирусолог, кој претходно работел на Христијанскиот медицински колеџ во Тамил Наду.

- Мора да работиме на заедничка јавно-приватна платформа и да заборавиме на финансиската конкуренција во овие периоди. Доведена е во прашање репутацијата на Индија како кралство на вакцините - додава тој.

Неколку големи јавни организации способни да прават вакцини неодамна останаа без лиценца во Индија. На четири државни фармацевтски компании им е дозволено да произведуваат ковид-вакцини, но од минатиот месец. Директорот на една од нив пред новинарите изјави дека ќе им треба една година да почнат со производство.

Без лекови и вакцини од Индија, многу делови на светот не би биле во можност да си дозволат скапи западни производи.

- Со оглед на притисокот на лидерите на ЕУ да произведуваат вакцини во нивните земји, во иднина пазарот може да биде позаситен - вели Гаутам Менон, професор по биологија на Универзитетот „Ашока“.

- Индија тука ќе помогне со способноста евтино да произведува вакцини - додава тој.

Извор: Deutsche Welle
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот