X
 08.07.2018 Живот

Започна операцијата за спасување на заробените тајландски момчиња

Спасувањето: 13 меѓународни нуркачи и 5 тајландски „фоки“ го започнаа тешкиот процес на спасување на 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер.

Долг процес: Момчињата ќе бидат земени едно по едно, во операција што би можела да трае со денови, вели локалната власт.

Прогноза за силен дожд: Спасувачите беа принудени да дејствуваат пред доаѓањето на поројниот дожд.

15 дена: Толку време момчињата се наоѓаат во пештерата.

spasuvanje
Фото: CNN


На фотографијата погоре е прикажано каде се наоѓаат момчињата во пештерата и колкав предизвик е оваа операција за спасување.

Момчињата се околу четири километри во внатрешноста на пештерата, од главниот влез.

„Фоките“ поставиле подземен команден центар во Комората 3, што е околу на половина пат од влезот на пештерата до местото каде што се наоѓаат момчињата, меѓутоа потребно е доста искуство во нуркање за да се реализира ова патување.

Со оглед на ослабената состојба на тинејџерите и нивното неискуство, спасувањето ќе биде долго и комплицирано.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот