X
 08.07.2020 Образование

Објавен е конкурсот за прием на студенти во студентските домови

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Македонија за студиската 2020/2021 година.

Според објавените податоци, во сместувачките капацитети ќе може да се сместат вкупно 5.419 студенти, од кои најмногу легла се во студентскиот „Гоце Делчев“ во Скопје (1.216).


Фото: Kolektif press

- Студентите што се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-страницата www.konkursi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 27.07.2020 година и трае до 17.08.2020 година. Рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 07.09.2020 година и трае до 21.09.2020 година. По објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи до нивното пополнување, но најдоцна до 28.09.2020 година - стои во конкурсот.


ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс и да ги преземете потребните документи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование