X
 08.08.2017 Култура

Херман Хесе: „Твојата омраза е она што ти нанесува болка и ништо друго“

Херман Хесе е еден од оние писатели со кои се расте, дури и тогаш кога сметаме дека веќе сме пораснале.

* Ако некого мразиме, тогаш во неговиот лик мразиме нешто што е всадено во нас самите. Она што го нема во нас, не нè возбудува.

* Ништо на светот не му е поодвратно на човека од тргнувањето по пат кој го води кон него самиот.

* Среќни сме само тогаш кога од наредниот ден ништо не бараме, а од денешниот со благодарност го примаме она што ни го носи.

* Љубовта не постои за да нè усреќи. Јас верувам дека таа постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.

* Како што станував постар, сè помалку ме исполнуваа ситните задоволства што ми ги носеше животот и сè појасно сфаќав каде треба да се бараат вистинските извори на радоста и смислата. Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а да сакаш – сè, дека способноста да чувствуваме е тоа што му дава убавина и вредност на нашето постоење.

* Херој е оној што има храброст за својата судбина.

* Луѓето што имаат храброст и карактер секогаш им се непријатни на другите луѓе.

* Но среќата секогаш била таму каде што некој умеел да сака и живеел за своите чувства. Ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал, тие му носеле задоволство. Убавината не му дава радост на оној што ја поседува, туку на оној што умее да ја сака и да ѝ се восхитува.

* Страдањето нанесува болка само затоа што се плашиш од него. Тоа те прогонува и затоа бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш од него. Мораш да сакаш. Значи, сакај го и страдањето. Немој да му се спотивставуваш, немој да бегаш од него. Треба да вкусиш колку всушност во својата длабочина и тоа е слатко, да му се предадеш и да не го примаш со омраза. Твојата омраза е она што ти нанесува болка и ништо друго. Страдањето не е страдање, смртта не е смрт, ако ти не направиш да бидат тоа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура