X
 08.08.2017 Живот

Што значи денес да се биде џентлмен?

Денес терминот „џентлмен“ може да се чуе насекаде – неговата употреба е широко распространета.

Дефиницијата се променила во однос на онаа што се смета за традиционална. Порано, џентлменот морал да има послуга и не готвел сам за себе. Денес тоа не може да се опише како господско однесување. Со оглед на тоа што значењето се променило, потребно е да се објасни што денес претставува.

Оригинален џентлмен

Порано џентлмен бил маж кој имал висока позиција во општеството и богатство, како и следниве карактеристики:

-    Чесен маж
-    Пристоен и формален начин на обраќање
-    Поврзаност со кралско семејство
-    Маж кој поседува богатство и многу слободно време
-    Член на Домот на комуните (Велика Британија) или на Претставничкиот дом во САД.

Денес, џентлменот не се поврзува со пари, туку со карактер.

Карактеристики на модерен џентлмен

1. Несовршен. Не се работи за недостижен идеал бидејќи луѓето секојдневно прават грешки. Џентлменот се разликува по тоа што не верува дека е совршен, туку презема одговорност за своите дела, зборови и пристап кон светот.

2. Има високи стандарди. Очекува висок квалитет, вредност и функционалност.

3. Добра облека. Џентлменот се облекува според годишното време, пригодата и својот стил. Добрата облека е дел од неговата гордост.

4. Има добри манири. Љубезен е и полн со почит.

5. Нема предрасуди. Не верува дека неговите мислења и знаења се комплетни и сосема точни. Се стреми да научи повеќе и е отворен кон нови идеи.

6. Интересен е и информиран. Разговара на различни теми и го интересира како функционира светот околу него.

7. Неговите дела се еднакви на неговите зборови. Дава ветувања кои планира да ги реализира.

8. Ги третира луѓето со почит. Смета дека сите луѓе се еднакви.

9. Прави разлика помеѓу ароганција и самодоверба. Верува во себе и во своите способности независно од други луѓе.

10. Ја користи својата моќ со цел несебично да помага и нема да гази преку другите за да ги оствари сопствените желби.

11. Успева да ги види добрите страни на скептицизмот. Знае дека не треба избрзано да донесува заклучоци.

Да се биде џентлмен претставува постојана потрага и стремеж кон константен личен напредок, мотивација и запознавање на себеси. Не е само фраза што се користи, туку е и израз на она што некој е или сака да биде.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот