X
 08.08.2019 Живот

Берни Сандерс: Ако како претседател дознам нешто за вонземјаните, сѐ ќе откријам

Берни Сандерс, претендентот за кандидат на Демократската партија за претседател на САД, најави дека доколку влезе во Белата куќа, нема да крие информации за вонземјани.

Либералниот американски сенатор Сандерс, кој се надева дека ќе ја освои номинацијата на демократите за претседателската трка, при гостувањето на поткастот на Џо Роган одговараше на многубројни прашања за американската политика. Тој зборуваше и за идеите за реформа на здравствениот систем во САД, за кои беше обвинет од политичките противници дека сака да воведе социјализам.

На крајот на емисијата, Џо Роган го праша дали доколку како претседател на САД дознае нешто повеќе за НЛО, би го споделил тоа со јавноста, Сандерс рече дека секако тоа би го направил, а на тоа би инсистирала и неговата сопруга.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот