X
 08.08.2020 Живот

Зошто пандемијата ни ја менува перцепцијата за времето?

Брзо потсетување дека поминаа речиси 5 месеци откако беше прогласена пандемија на коронавирусот. Август веќе минува, а летото наскоро ќе заврши на северната хемисфера. Доколку сте збунети поради минувањето на времето во последниве месеци, не сте единствени.

Едно неодамнешно истражување од Велика Британија заклучува дека над 80% од испитаниците чувствувале некаква промена на перцепцијата за времето поради мерките за изолација.

Зошто за време на пандемијата имаме поинаква перцепција за времето? Сè уште има многу работи што не ги разбираме за перцепцијата за времето, но знаеме дека тоа е релативно.

- Времето е етеричен концепт и нашето искуство со него не е константно - вели психологот Логан Џоунс.


Фото: Freepik

Времето може да се измери во секунди, минути и други единици, но поединечното искуство за времето може да зависи од нашата невролошка и емоционална состојба.

Докторот на науки Мајкл Флаерти има теорија дека „густината“ на човечките искуства влијае врз перцепцијата за времето. Кога човекот има повеќе искуства, се чини дека времето поминува побрзо. Периодите исполнети со многу активности може да ја предизвикаат оваа густина, но истото може да го направат и помирните периоди доколку се полни со истражување на себеси.

Врз искуствата може да влијаат и промени во надворешната околина, но и внатрешни емоции, како страв или здодевност. Како ова се поврзува со пандемијата?


Фото: Freepik

Како и сè поврзано со перцепцијата, начинот на кој пандемијата влијае врз чувството за време е различен кај секој човек. Британското истражување покажало врски помеѓу бавното поминување на времето и помалиот број активности. Било покажано и дека стресот прави да чувствуваме дека времето поминува побрзо, исто како и незадоволството од животот и стареењето.

Врз основа на овие откритија може да се заклучи дека перцепцијата за времето се менува секогаш кога се менува рутината. Според Џоунс, најдобар начин „да го забрзате времето“ е да практикувате здрави и позитивни активности кои се фокусираат на задачи што го стимулираат лачењето на допаминот, а со тоа ве прават посреќни.

Доколку чувствувате дека времето тече многу брзо, забавете го темпото и да бидете присутни во моментот.

Автор: Сара Реган
Извор: mindbodygreen.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот