X
 08.08.2022 Наука

Нови ископини откриваат каков бил животот на обичните луѓе во Помпеја

Каков бил животот на обичните луѓе во Помпеја?

До неодамна археолошките ископувања главно беа фокусирани на големите вили на богатите жители на римскиот град кој бил затрупан по ерупција на Везув во 79 година. Но, последните откритија од градот ни овозможуваат да ѕирнеме во животот на средната класа на градот.

Директорот на археолошкиот парк во Помпеја, Габриел Цухтригел, истакна дека ископувањето на четири нови соби во еден дом откопан во 2018 година открило детали за домашната атмосфера кај обичните граѓани на Помпеја.

Некои од повпечатливите предмети биле дрвен плакар за чинии полн со перфектно зачувани чинии, сандак оставен отворен додека сопственикот се обидувал да избега и триножни масички покриени со декоративни чинии.

Археолозите нашле остатоци од рамка на кревет во спалната, заедно со траги од ткаенина од перницата. Креветот е ист како три кревети ископани лани во мала соба во друга куќа за која археолозите веруваат дека се користела и како магацин и како спална соба за фамилија робови.

Откривањето на магацинот довело до откривање и на дрвен плакар за кој археолозите веруваат дека имал најмалку четири врати и бил полн со чинии и садови за готвење. Ископувачите нашле и други предмети во куќата.

Помпеја е едно од најпопуларните места во Италија и во 2019 година била посетена од 4 милиони туристи.

Извор: Euronews
Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука