X
 08.09.2018 Живот

Убавините на Македонија - Корабски водопад

Корабскиот Водопад (уште познат и како Пројфелски водопад) се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Кепи Барт.

Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат помеѓу 70 до 138 метри.

Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на висина од околу 2050 м.н.в. а долната на висина од околу 1950 м.н.в. Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почетокoт на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува.

Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужне, или од десната страна преку Бибај, покрај врвот Кабаш. Патекети се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот