X
 08.09.2019 Наша тема

Македонија по 28. пат го слави Денот на независноста. По што го памти светот овој ден?

Македонија годинава по 28. пат го слави Денот на независноста. На 8 септември 1991 година дури 95 отсто од граѓаните што излегле на референдумот гласале Македонија да се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас, а од нив 1.079.308 граѓани гласале за осамостојување.


Фото: Wikipedia

На референдумот му претходела Декларација за независност, која првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвоил на 25 јануари 1991 година. Декларацијата денес е изложена на почесно место во Музејот на македонската борба, на кејот на Вардар.

И други интересни нешта се случиле на 8 септември. Ова е избор од историските настани.


Фото: Wikimedia commons

1331 – Стeфан Душан се прогласил за крал на Србија.

1504 – Откриена е скулптурата „Давид“ на Микеланџело Буонароти, на Пјаца дела Сињора во Фиренца.


Давид (реплика) / Фото: Wikimedia commons

1522 – Фернандо Магелан го заврши првото прекуокеанско патување и се врати во Шпанија.

1565 – Шпанската експедиција ја установи првата постојана европска населба во Северна Америка – Св. Августин на Флорида.

1664 – Холанѓаните им го предадоа Нов Амстердам на Британците, кои потоа го прекрстија во Њујорк.


Нов Амстердам / Фото: Wikipedia

1866 – Во Чикаго првпат е забележано раѓање на шесторка. Родителите биле Џејмс и Џени Бушнел.

1888 – Во Лондон е пронајдено телото на Ени Чепмен, втората жртва на Џек Мевосек.

1893 – Во Нов Зеланд е донесен гласачки акт според кој сите жени добиле право на глас.

1945 – Во Вашингтон, во автoбус првпат било инсталирано радио.

1966 – Телевизијата Ен-би-си ја емитува првата епизода на „Ѕвездени патеки“.

2015 – Британски истражувачи соопштија дека имаат докази за поголема верзија на Стоунхенџ, лоцирана на околу 2 милји од најпознатиот британски споменик. Откриени се 90 закопани камени блокови, откриени со помош на радар.

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема