X
 08.09.2021 Живот

Пластиката произведена во 2019 г. ќе го чини светот 3,7 билиони долари

Целата пластика што била произведена во 2019 година ќе го чини светот околу 3,7 билиони долари, што е повеќе од вредноста на бруто-домашниот производ на цела Индија, според новиот извештај од Светскиот фонд за природа. Оваа вредност се однесува на производството, користењето и чистењето на пластиката произведена во 2019 година.

Производството на пластика речиси се удвоило во последните две децении, а светот не прави доволно за да го реши овој проблем, се вели во извештајот. Доколку трендот продолжи, општествената цена на материјалот произведен во 2040 г. може да се зголеми на 7,1 билиони долари, еднакво на околу 85 отсто од сите трошоци за здравствени цели во светот во 2018 година.


Фото: Pixabay

Владите треба подобро да ја разберат вистинската цена на производството на пластика и неговото менаџирање. Во 2019 г. цената на производството на еден тон пластика изнесувала над 1.000 долари, но тука не се вклучени трошоците за користење и чистење, како и цената на штетните гасови што се испуштаат при процесот на производство и чистење на пластиката.

Потребни се стотици илјади години за разградување на пластиката, а во процесот таа се разложува на помали делови кои се тешки за отстранување од природата. Организацијата ги повикува граѓанскиот сектор, компаниите и финансиските институции да постигнат нов договор за загадувањето на морињата со пластика.

Извор: Independent 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот