X
 08.10.2018

Создадена фарма што ја одржуваат роботи

Компанијата „Ајрон Окс“ во Сан Карлос, Калифорнија, ја создаде првата автоматизирана фарма за растенија и тврди дека нејзиниот систем може да реализира 30 отсто поголемо производство во споредба со традиционалните фарми, а притоа користи 90 отсто помалку вода.

Кога растенијата ќе пораснат, роботот ги пренесува до просторот за обработка. Исто така, роботската рака може да премести мало растение онаму каде што има повеќе простор. Со тоа се оптимизира искористувањето на просторот, кој на растенијата им е потребен во текот на растот.

Коосновачот и директор на компанијата „Ајрон Окс“, Брендон Александер, открива дека сака да направи и други мали фарми во близина на градскиот центар за производите што посвежи да стигнат до продавниците.

Роботите имаат можност за машинско учење, а вештачката интелигенција ги открива штетниците и болестите. Исто така, роботите може да отстранат одредени растенија за да не дојде до ширење на проблемот.

Ајрон Окс“ го извршува производството со користење LED, но се стреми кон изградба на пластеник со природна светлина за да се искористи сончевата бесплатна енергија.

Крајната цел на компаниите е здравиот производ да биде евтин. Засега се одгледува само зелен зеленчук, но производството може да се прошири на домат и на друг вид зеленчук.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk