X
 08.10.2019 Наука

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за физика

Овогодишните добитници на Нобеловата награда за физика се научниците Џејмс Киблс, Мајкл Мејер и Дидије Келоз за новите сфаќања на структурата и историјата на вселената и за откритието на планета која орбитира околу ѕвездите од соларен тип надвор од Сончевиот Систем.

Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека половина награда му припаѓа на Киблс за теориските откритија во физичката космологија.

Втората половина од наградата е за Мејер и Келоз за откривање егзопланета која кружи околу ѕвездите од соларен тип.

Шведската кралска академија на науките вчера ја додели наградата за медицина, исто така на тројца научници. Вилијам Каелин, сер Питер Ратклиф и Грег Семенза откриле како се приспособуваат клетките кога нивото на кислородот паѓа. Тоа е важно откритие за третманите за анемија, па дури и за карцином.

За утре е предвидено доделување на наградата за хемија, в четврток за литература и добитникот на Нобелова награда за економија ќе биде соопштен в понеделник.

Нобеловата награда за мир ќе биде објавена в петок во Осло, а меѓу фаворитите се активистката против климатските промени Грета Тунберг, премиерот на Етиопија, Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граници“.

Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука