X
 08.10.2022 Живот

Ова се земјите со највисоки облакодери во светот

Иако кога ќе се споменат облакодери повеќето помислуваат во Њујорк, вистината е дека дури 70 отсто од овие градби се наоѓаат во Кина, а интересен е фактот што на оваа листа нема ниеден европски град.

Не може секоја висока зграда да се нарече облакодер. Повеќето архитекти се согласуваат дека 150 метри е минималната висина за една зграда да се карактеризира како облакодер. Врз основа на тој критериум, Хонгконг е главниот град на облакодерите во светот.

Овој источноазиски град е дом на речиси 550 згради кои достигнуваат над 150 метри височина. Од овие згради, Меѓународниот трговски центар е највисок, издигнувајќи се на 484 метри височина.

Шенжен во Кина има втора најголема концентрација на високи згради на листата. Иако содржи речиси 200 облакодери помалку од Хонгконг, највисоката зграда во Кина е поимпресивна.

калифа
Бурџ калифа/Фото: Wikipedia

Меѓународниот финансиски центар „Пинг Ан“, висок 600 метри, е петти највисок облакодер на Земјата. На трето место е Њујорк, САД, на четврто Дубаи во Обединетите Арапски Емирати - и двата имаат облакодери што ги надминува највисоките во Хонгконг. Светскиот трговски центар во Њујорк е висок 541 метар, а Бурџ калифа во Дубаи се издига на 828 метри, што го прави највисоката зграда на Земјата.

sangaj
Кулата Шангај/Фото: Wikipedia

Еве како изгледа комплетната листа со 25 града во светот со најмногу облакодери:

Хонгконг - 546 облакодери
Шенжен, Кина - 351 облакодер
Њујорк, САД - 303 облакодери
Дубаи, ОАЕ - 241 облакодер
Шангај, Кина - 180 облакодери
Гуангжу, Кина - 175 облакодери
Токио, Јапонија - 167 облакодери
Куала Лумпур, Малезија - 153 облакодери
Чунгкинг, Кина - 140 облакодери
Чикаго, САД - 134 облакодери
Вухан, Кина - 119 облакодери
Ченгду, Кина - 113 облакодери
Џакарта, Индонезија - 110 облакодери
Бангкок, Тајланд - 109 облакодери
Шенјанг, Кина - 97 облакодери
Сингапур - 94 облакодери
Сеул, Јужна Кореја - 82 облакодери
Мумбај, Индија - 81 облакодер
Бусан, Јужна Кореја - 77 облакодери
Торонто, Канада - 77 облакодери
Тијанџин, Кина - 74 облакодери
Нанинг, Кина - 71 облакодер
Нанкинг, Кина - 68 облакодери
Мелбурн, Австралија - 68 облакодери
Панама, Панама - 66 облакодери

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот