X
 08.11.2016 Здравје

Пушењето предизвикува трајни промени во ДНК-то

Пушењето несомнено остава стотици трајни промени во стандардната ДНК, а тоа е патот кој доведува до рак. Ова го потврдувааt и научници од „Cambridge“ и „Los Alamos National Laboratory“ од Њу Мексико.

Во една студија објавена во списанието „Science“докажана е директна врска помеѓу бројот на испушени цигари и бројот на мутации во ДНК-то. Со секвенционирање на илјадници геноми на тумор научниците откриле дека пушењето на една кутија дневно во просек, секоја година создава 150 нови мутации на белите дробови, што е стотици пати повеќе од тоа што природно се случува во процесот на стареење. Откако еднаш ќе настанат промените откажување од пушењето нема да помогне затпа што штетата е веќе направена.

Научниците велат дека  со анализа на ДНК туморот можат да ги објаснат причините и на други видови на рак, односно докажаа дека цигарите се генератори на малициозни болести. Уште од порано е познато дека хемикалиите од димот од цигарите го зголемуваат ризикот за барем 17 видови на рак, но точни молекуларни механизми низ кои мутира ДНК-то и доведува до тумор во разни ткива никогаш до сега не биле точно објаснети.

Истражувачите тврдат дека во ткивата како што се белите дрибови кои се директно изложени на пушењето можат да се најдат мутации предизвикани од хемикалиите од чадот од цигарите од кои барем 60 се канцерогени. Истата форма не се случува, на пример во мочниот меур кој не е директно изложен , но е докажано дека и во другите органи пушењето го забрзува природниот процес на мутација. Наводно некои оштетувања на ДНК се случуваат директно, а некои мутации се посуптилни односно го прекинуваат нормалното функционирање на клетките. Повеќе мутации значи и поголема веројатност за развој на малигни заболувања. Научниците предупредуваат дека со намалување на пушачите драстично ќе се намали бројот на заболени од рак на белите дробови.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје