X
 08.11.2018 Економија

Германија бара 1,24 милион работници

Во Германија во третиот квартал од оваа година, со 1,24 милион отворени работни места, забележан е рекорден недостиг од работна сила, соопштија од Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ).

Во споредба со истиот период од минатата година, бројот на непотполнети работни места се зголемил за 140.000, стои во соопштението на ИАБ.

Според Александер Кубис од Институтот, најголем пораст на побарувачката е забележан во областа на преработувачката индустрија, но побарувачката во секторот на услужните дејности со повеќе од 600.000 отворени работни места сè уште е најголема.

Во градежништвото биле отворени 108.000 работни места, а во секторот на логистика 87.000. Најголемиот број отворени работни места се однесуваат на средното и вишото стручно образование (60,8 отсто), потоа на лица без квалификации (22 отсто) и на крајот на лица со факултетско образование (17 отсто).

Германскиот пазар на труд со години има недостиг од работна сила поради поголем број пензионери, а тоа се компензира со увоз на работна сила.

 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија