X
 08.11.2021 Култура

Премиера на претставата „Птица со главата меѓу нозе“ на Коле Ангеловски, со која слави 60 години кариера

„Птица со главата меѓу нозе“ не е класична комедија, нема изневерени мажи и напуштени жени, нема брканици, смешни карактери, ова е приказна за она што ни се случува денес во Македонија, од пандемија, од социјала, од политика“, стои во описот на претставата

„Птица со главата меѓу нозе“ во режија на Коле Ангеловски, утре во 20 часот, во Драмскиот театар ќе ја има својата претпремиера, а премиерата е в среда. Со оваа претстава, за која го напиша и текстот, Ангеловски слави 60 години активна уметничка кариера.


Во претставата ќе играат актерите: Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ Пановска, Благој Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски,  Калина Наумовска, Благица Димитровска и Симон Манасковски. Сценограф е Илина Ангеловска, костимограф Раде Василев, а музиката е на Кокан Димушевски.

- Ова е актерска претстава, ќе играат постарите актери на Драмски, врвни мајстори на овој жанр. Начинот на играње по Станиславски, со сето она кој сум, што сум, биографија, вистински односи, ама откачено и со дистанца... А тоа мислам дека многу добро го правам - стои во соопштението за претставата.

фото: Драмски театар

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура