X
 08.11.2021 Живот

Вечерва „Магична ноќ“ со концерт на триото „Анимато“

Вечерва во Даутпашиниот амам, во 19 часот, триото „Анимато“ ќе одржи концерт. Концертот е со програмски наслов ,,Магична ноќ", според концептот на разновидната програма, која има цел да допре до сите слушатели и да одговори на нивниот вкус.

Триото ,,Анимато“ е во состав: м-р Светлана Димитриевска - пијано, м-р Даниела Неделковска - флејта, м-р Симона Марочковска - Манојловска - флејта. Сите три се истакнати педагози и уметници во Државниот музичко-балетски центар ,,Илија Николовски-Луј“.

На програмата се дела од: Доплер, Моцарт, Кулау, Делибе, Бизе, Чајковски, К. Гардел, Пјацола и Виталија Неугасимов, чие дело ќе ја доживее својата прва изведба во Македонија.

Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот