X
 08.11.2022 Култура

Голема чест или стапица: Познат комичар повторно ќе биде водител на „Оскарите“

Џими Кимел повторно ќе биде домаќин на „Оскарите“ во 2023 година, објавија организаторите, избирајќи го овој искусен водител да ја води церемонијата за најпрестижната награда во Холивуд по една година откако актерот Вил Смит му удри шлаканица на минатогодишниот водител Крис Рок на церемонијата.

Академијата за филмски уметности се надева дека Кимел, кој е популарен американски комичар и водител на ток-шоу, кој беше домаќин на „Оскарите“ во 2017 и 2018 година, ќе помогне да се зголеми гледаноста на настанот по испадот на Смит минатата година.

Голема чест или стапица?


Преносот на престижната церемонија која се емитуваше на мрежата Еј-би-си Волт Дизни забележа втора најниска гледаност во нејзината историја, а на социјалните мрежи беа споделени снимки од Смит како му удира шлаканица на Крис Рок на сцената откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот.

- Да се биде повикан како домаќин на доделувањето на „Оскарите“ по трет пат е или голема чест или стапица. Во секој случај, благодарен сум ѝ на Академијата што ми го постави ова прашање толку брзо откако сите добри водители одговорија негативно - изјави Кимел.

Церемонијата ќе се одржи на 12 март во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура