X
 08.12.2016 Култура

Ајнштајн: Интелектуалците решаваат проблеми, а генијалците ги спречуваат

Големиот поет Гете еднаш рекол: „Големиот поет прво треба да е голем, а потоа да е поет“.

Во светот на научниците, Алберт Ајнштајн бил оној кој покажал дека големината на еден човек не мора да остане затворена во тешко разбирливите научни дела. Како што и сам тврдел дека треба, работите во кои верувал умеел да ги подели со другите толку едноставно што и обичното дете би можело да ги разбери - бидејќи, како можете да тврдите дека нешто знаете, ако тоа не можете да му го објасните на едно 6 годишно дете.

Токму овие цитати на Алберт Ајнштајн многу порано би можеле да нѐ научат на најважните работи со кои ќе се сретнете во животот, а добро би било да им ги пренесете на оние кои штотуку го откриваат светот.

„Имагинацијата е поважна од знаењето“.

„Нешто што најубаво можеме да го доживееме е она што е мистериозно. Ова е основното чувство кое е пупка на секоја уметност и наука“.

„Разликата помеѓу глупавоста и генијалноста е тоа што генијалноста има свои граници“.

„Кога човек седи еден час со убава девојка, му се чини како да поминала една минута. Но, ако седи на жешка печка - му се чини како да е подолго од еден час. Тоа е релативност“.

„Национализмот е детска болест. Тоа е сипаница на човештвото“.

„Не можеме да ги решиме проблемите на ист начин на кој сме ги создале“.

„Интелектуалците решаваат проблеми, а генијалците ги спречуваат“.

„Умот е како падобран - функционира само кога е отворен“.

„Здравиот разум е само грст од предрасуди кои сме ги усвоиле до осумнаесеттата година“.

„Ако нешто можете да му го објасните на шестгодишно дете, тогаш ни вие сами не го сфаќате“.

„Важно е да не престанувате да поставувате прашања. Љубопитноста има своја причина на постоење. Човек не може да го избегне чувството на стравопочит додека размислува за тајните на вечноста, на животот, на прекрасните структури на реалноста. Доволно е секој ден да се обидувате да сфатите и мал дел од тие тајни. Никогаш немојте да се откажете од светата љубопитност“.

„Човек кој никогаш во животот не направил грешка никогаш не започнал ништо ново“.

„Образованието - тоа е она што останува откако ќе заборавите се' што сте научиле на училиште“.

„Откако ќе престанете да учите, започнувате да умирате“.

„Големите души секогаш ги чека жестокиот отпор на просечните умови“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура