X
 08.12.2017 Живот

Најбруталното писмо за одбивање на сите времиња

Одбивањето е неизбежен дел од обидувањето да се објави некое дело. Тоа го искусиле сите автори и писатели. Сепак, често тие писма со одбивања содржат доза на пристојност и достојност. Но, не и она од 1928 година, кое можеби е најбруталното одбивање на сите времиња.

Писмото било адресирано до Фредерик Чарлс Мејер од Катумба и било испратено од Сиднеј, од издавачката куќа „Ангус и Робертсон“, пред околу 90 години. Слика од писмото била испратена на страницата на „Твитер“ – „Писма на забелешки“, каде што била споделена со остатокот од сајберпросторот.

Изгледа Мејер му испратил примерок од својата поезија на австралискиот издавач, па тој му вратил писмо во кое искрено му кажал што мисли за неговата работа.

„Драг господине, не можете да ни ги испраќате вашите стихови и нема да ви дадеме име од друг издавач. Не мразиме друг издавач толку многу за да му ги пратите вашите стихови. Песната е едноставно ужасна. Всушност, не сме виделе нешто полошо, Агнус и Робертсон“.

Една година потоа Мејер ја објавил книгата „Бисерите од сините планини на Австралија“, а потоа и „Богатствата на планините и снегот во Нов Зеланд“, наредната година. Издавачката куќа не била единствената што сметала дека Мејер не е добар поет, бидејќи дел од неговите стихови биле објавени во списание во 2001 година, како „лоши стихови и натпревар на ужасна поезија“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот