X
 08.12.2019 Технологија

Холандија гради „соларни острови“ за да се бори против зголемувањето на нивото на морето

Во Холандија се развива најголемиот проект за соларен остров. Проектот се состои од 15 острови во резервоарот Андијк во Северна Холандија, 15 пловечки соларни острови што содржат 73.500 панели.

- Можеме да се бориме против зголемувањето на нивото на морето во Холандија со изградба на уште повисоки брани или да живееме на вода. Ова е причината зошто го сменивме фокусот на ставање соларни панели на покривите и земјата и одлучивме да ставаме на вода. Се приспособуваме со пренесување на снабдувањето со енергија од копно кон водата што се зголемува - вели Арнуд Вандрутен, управен директор на „Флоутинг солар“, снабдувач на соларни панели за проектот.

Бидејќи панелите цел ден се насочени кон сонцето, тие можат да апсорбираат повеќе енергија. Покрај тоа, да се биде на вода обезбедува корисна динамика што не е можна копно.

- Мора да го направите системот флексибилен за да може да се приспособи на енергијата на брановите и истовремено панелите да можат да дејствуваат како едра - вели Вандрутен.

paneli
Фото: Reuters


- Бидејќи можеме да го вртиме островот кон сонцето, другата предност е што можете да ставите остров во таква позиција што нема да му штети ветрот - додава тој.

Соларни острови се градат и во Јапонија, Кина, Чиле и Британија. Рамез Наам, копретседател на Универзитетот за енергија и животна средина, вели дека на крајот заштедата на трошоците и недостигот на земјиште или вода се она што ќе го движи пловечкиот соларен тренд напред и ќе привлече повеќе влади.

- Онаму каде што земјата е оскудна, на пример, во Јапонија, сончевите резервоари се одличен начин да се распоредат во област што во спротивно не може да се користи. Кога водата се лади, сончевите панели ја зголемуваат нивната ефикасност и тие всушност произведуваат повеќе електрична енергија. Во сончевите делови од светот соларната енергија е поевтина од јагленот и од електричната енергија на гас - завршува Наам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија