X
 08.12.2020 Култура

„Конструкт 42“ е првиот македонски краткометражен анимиран научно-фантастичен филм

„Конструкт 42“ е името на првиот македонски краткометражен анимиран научно-фантастичен филм кој нè носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за последните напори за спас на човештвото.

Филмот е во режија на Никола Ангелкоски, кој има работено на повеќе интернационални анимирани филмови. Гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски. Монтажата ја врши Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло Вуковиќ.

„Конструкт 42“ треба да ја има својата премиера во 2021 година.

Погледнете ја официјалната тизер-најава.


Насловна фотографија: Facebook

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура