X
 09.01.2019 Технологија

Најдобрите веб-страници за торент за 2019 година

Се чини дека торентите се сѐ помалку популарни бидејќи огромен број корисници сега се насочени кон стримингот, односно гледаат и слушаат содржина во реално време, а сѐ помалку корисници преземаат содржини на своите уреди.

Годината што помина за торентите беше особено турбулентна затоа што згаснаа голем број популарни веб-страници за торент, работата на другите веб-страници беше оневозможена, додека трети беа своевиден параван за вируси.

Листата со најдобри веб-страници за торенти за 2019 година претрпе многу новитети, што е последица на она што претходно го напоменавме. Листата, освен што ги рангира локациите, покажува торент помеѓу торент-страниците на годишно ниво, па на тој начин можеме да дознаеме дали бројот на квалитетна содржина на некоја веб-страница се зголемува или се намалува, односно да стекнеме впечаток за самиот квалитет на торент-страницата.

Пред да ја погледнете листата со веб-страници за торент од „Торент фрик“ за 2019 година, уште еднаш напоменуваме дека преземањето содржина заштитена со авторски права не е легално и со себе повлекува законски последици, доколку дојде до преземање. Бидете внимателни што преземате и користете ги торентите одговорно. Платете ја содржината што ја барате, доколку е нелегална на овие веб-страници.


torent
Фото: Thinkstock

Најдобрите веб-страници за торент за 2019 година:

1. YTS.AM
Aлекса: #205 / Минатата година: #5

2. 1337X
Aлексa: #248 / Минатата година: #3

3. THE PIRATE BAY
Алекса: #288 / Минатата година: #1

4. RARBG
Алекса: #325 / Минатата година: #2

5. TORRENTZ2
Алекса: #498 / Минатата година: #4

6. NYAA.SI
Алекса: #549 / Минатата година: #8

7. LIMETORRENTS
Алекса: #962 / Минатата година: без промени

8. ZOOQLE
Алекса: #1.753 / Минатата година: #10

9. EZTV.AG
Aлекса: #1.950 / Минатата година: #6

10. TORRENTDOWNLOADS
Алекса: #2.018 / Минатата година: без рангирање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија