X
 09.01.2019 Технологија

Свиткувачкиот телефон на „Самсунг“ ќе има две батерии

Минатиот месец страницата „Лец гоу диџитал“ објави ексклузивен извештај за истражување на пазарот изготвен од страна на агенцијата „ЦГС-ЦИМБ“, кој се однесува на потенцијалот на пазарот на свиткувачките телефони за периодот од 2019 до 2022 година. Како дел од извештајот, агенцијата добила информации од директните доставувачи дека „Samsung Galaxy Fold“ доаѓа со две батерии, по една во секој дел.

Новообјавениот патент го покажува можното функционирање на двете батерии. Компанијата „Самсунг електроникс“ поднесе барање за патент кој користи метод за контрола на поголем број батерии и електронски уреди, објавен на трети јануари годинава.

Патентот го опишува свиткувачкиот смартфон со две батерии. Двете се опремени со посебни кола за полнење. Двете се меѓусебно поврзани со помош на струјно контролно коло. Покрај тоа, има и прекинувач. На тој начин разликите во напонот меѓу батеријата 1 и батеријата 2 може ефикасно да се контролираат. Капацитетот и импеданцата на батериите може да се разликуваат. Батериите може да се полнат и безжично и со кабел.

Процесорот одредува која батерија има највисоко ниво на сила, а флексибилниот паметен телефон ја користи батеријата со најмногу енергија.

Истиот систем важи и за полнењето, а батеријата со најмала сила се полни прва. Кога температурата на едната батерија ќе стане превисока, автоматски почнува користењето на втората батерија.

Фото: B92

Минатиот месец „Лец гоу диџитал“ пријави постоење на патент за 3Д холограмски телефон на „Самсунг“ со кој би можеле да се проектираат холограмски фотографии во воздух. Слична функција е опишана и во новиот патент.

Описот на патентот не дава никакви информации за капацитетот на батеријата. Според истражувачкиот извештај, новиот телефон ќе има вкупен капацитет на батериите од 5.000 до 6.000 mAh.

Уредот би требало да чини 1.800 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија