X
 09.02.2020 Образование

Швајцарија вложува повеќе пари во образованието отколку цела Европска Унија

Јавните финансии на Швајцарија се зголемија за 1,7 отсто во 2018 година, на 238,8 милијарди долари во споредба со 2017 година. Како процент од целосната сума, Швајцарија потрошила повеќе пари на образование и помалку на одбрана отколку Европската Унија.

Најголемата ставка од буџетот останала на социјална заштита, 39,4 отсто од целосната сума. Ова е помалку од она што го троши ЕУ, која, според статистичката канцеларија „Евростат“, троши 41, отсто. Швајцарија троши значително повеќе од ЕУ за образование: 16,5 отсто од вкупната сума, во споредба со 10,2 отсто на ЕУ.

Oбразовниот систем на Швајцарија е еден од најнапредните во светот. Таа е рангирана на 9. место од вкупно 65 држави во истражувањето на ОЕЦД/ПИСА за образовните стандарди кај 15-годишниците. Исто така, Швајцарија е избор за многу студенти што сакаат да студираат на меѓународно ниво. Системот е добро воспоставен и функционален со делегирана одговорност и администрација.

Администрацијата и регулирањето на училишниот систем во Швајцарија ги вршат кантоните, додека централната власт има одреден нацрт-план. Секој кантон поставува свој училиштен календар, наставна програма и критериуми. Овој систем го надгледува Државниот секретаријат за образование, истражување и иновации. Специфична карактеристика на швајцарскиот образовен систем е земањето предвид на желбите и способностите на учениците.

Образованието е задолжително за сите деца и млади од 9 до 11 години. Децата почнуваат со образование на возраст од 4 години до нивната 15 година. Иако има приватни училишта во Швајцарија, повеќето ученици се одлучуваат за државно училиште.

Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование