X
 09.03.2022 Наука

Еве како изгледа брзината на светлината на забавена снимка

Брзината на светлината е брзината на ширењето на електромагнетни бранови во вакуум. Според Теоријата на релативноста, тоа е максималната брзина со која сета енергијата, материјата и сите информации можат да патуваат во универзумот, а која може да се постигне единствено во вакуум.

Брзината со која патува светлината изнесува 300 милиони метри во секунда. Дали воопшто може да ја видиме оваа брзина? Истражувачи од Технолошкиот институт во Калифорнија ја создале најбрзата камера во светот за да се обидат да одговорат на тоа прашање.

Своите сознанија ги демонстрирале на „Јутјуб“ во соработка со канал кој прикажува разни процеси со забавена брзина. Камерата снима слики во една димензија, но ги снима многу брзо.

Истражувачите имаат цел да ги подобрат техничките спецификации на камерата за да се забележуваат и најситни детали, како процесите во телото, кои би имале примена во медицината.

Во видеото во продолжение погледнете како функционира камерата и како таа ја снимила брзината на светлината.


Извор: Klik
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука