X
 09.04.2018 Живот

Веднаш избришете ги овие податоци од „Фејсбук“

На милиони луѓе низ светот животот им е незамислив без „Фејсбук“, а во текот на долгогодишната употреба на оваа социјална мрежа секој од нас оставил податоци кои можат многу лесно да се злоупотребат на најлош можен начин.

Индипендент“ состави листа на тоа што сè треба да избришеме од „Фејсбук“ за да ја зачуваме приватноста.

Прво што треба да отстраниме како податок е роденденот. Иако ретко кој не сака да ужива во роденденските честитки на „Фејсбук“, не е паметно датумот на роденденот да стои на „Фејсбук“ затоа што е лесна мета за злоупотреба.

Избришете го и бројот од мобилниот телефон, доколку случајно сте го споделиле јавно на вашиот профил.

Би било добро да ги избришете мнозинството пријатели. Според некои истражувања, еден човек може да одржува комуникација најмногу со 150 луѓе, а сè повеќе од тоа е вишок и во превод значи еден куп непознати луѓе.

Избришете ги фотографиите од вашите деца. Освен што им се заканува опасност од педофили, прашајте се како би реагирало детето кога ќе порасне и ќе ги види фотографиите.

Избришете ги и податоците во кое училиште учи вашето дете.

Избришете го и вашиот шеф. Впрочем, не го ни додавајте за пријател бидејќи ќе има увид во сè што правите на „Фејсбук“, па и на вашите забелешки за работата.

Престанете да се означувате на местата што ги посетувате. Избришете ги и податоците на кое место се наоѓате во моментот и кога одите на годишен одмор. Крадците будно следат кој кога е отсутен од својот дом за да можат да провалат.

Избришете го и статусот на вашата љубовна состојба, советуваат стручните лица. Не е опасно, но може да ви влијае негативно кога ќе се случи да го промените статусот во „слободен/на“.

Во последно време сè повеќе луѓе ги фотографираат авионските билети и ги поставуваат на интернет. Тоа воопшто не е паметно. На еден авионски билет секој хакер може да најде доволно податоци за да ви наштети.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот