X
 09.04.2022 Живот

„Бункерот на милијардерите“: Како изгледа најбезбедниот остров за живеење во светот?

Индијан Крик е остров на богатите и славните, а се протега на 1,2 квадратен километар во заливот Бискејн во Мајами. Поради високата приватност и безбедност, но и профилот на луѓето што поседуваат имоти, островот е наречен „Бункер на милијардерите“.

Овде имотите ги купиле финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтени магнати, поранешни спортски легенди, пејачи и модели. За ексклузивноста на местото придонесува и фактот што на островот се достапни само 41 имот.

Спектакуларните домови вклучуваат спортски сали, спа-центри, пространи вински визби и други луксузи на современиот свет, а просечната цена на недвижностите на островот е околу 20 милиони долари. Луксузните вили се опкружени со богато зеленило - има и прекрасен терен за голф, но и големи базени и приватни плажи со поглед на заливот.

Индијан Крик се смета за една од најбогатите, најбезбедни и најприватни населби во Мајами, но и во светот. Ова не изненадува ако се знае дека единствениот копнен влез преку мостот е строго заштитен. Покрај тоа, приватни вооружени патроли патролираат на копното и водата 24 часа на ден. Ако не сте поканети, нема да можете да стигнете до островот.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот