X
 09.04.2023 Култура

Најдобро чуваната холандска тајна - град покрај германската граница во кој сите го знаат рецептот за среќа

Амстердам ви е познат. Исто и Ротердам, а сите знаеме и за Хаг. Можеби сте слушнале за Арнем и Ајндховен, но за Најмеген веројатно при слушање фудбалските фанатици кои како од топ ќе кажат дека оттаму доаѓа фудбалскиот клуб НЕК. Но, овој зелен град е многу повеќе од фудбалот.


На истокот на Холандија, на само 10 километри од германската граница, се наоѓа Најмеген, динамичен и прогресивен универзитетски град кој успева да остане незабележан од радарот. Овој чист град е најстариот во земјата и се натпреварува со Амстердам по бројот на зелени иницијативи. На жителите приоритети им се квалитетот на животот и одржливоста, така што во центарот на градот се забранети автомобили и има вкупно 60 километри велосипедски суперавтопати.


Овде автобусите се движат на еколошко гориво, а постојат програми кои поттикнуваат заедничко возење на автомобил. Иако ниеден град не може да биде 100 отсто одржлив, Најмеген презема прилично храбри чекори кога станува збор за оваа област. Во 2016 година електраната била претворена во соларен парк со 9.000 соларни панели и две ветерни турбини кои напојуваат речиси 400 дома во градот. Но, бидејќи луѓето надвор од Холандија не знаат за овој град, малкумина слушнале за оваа информација.


Градот ја доби титулата Зелена престолнина на Европа во 2018 година, но неговите прогресивни корени се од подалечното минато, со долга историја на студентски активизам. Овој град беше центар на холандската контракултура и протест од 60-тите до средината на 80-тите години. Во 1963 година било основано холандското национално студентско синдикално движење од Тон Регтиен, студент од Најмеген. Дури и денес неговите одржливи вредности продолжуваат да напредуваат благодарение на големата студентска популација.

Градот секојдневно се стреми да стане поодржлив, поздрав и позелен, а целта е да стане енергетски неутрален до 2045 година. Еден од показателите за зелена иницијатива е „Хет Дурзаме Варенхиус“ (одржлива стоковна куќа), првата и единствената еколошка стоковна куќа во Холандија која беше отворена во 2014 година. Во неа се продава сето она што е максимално одржливо, а се почитува политиката на нула отпад.


Исто така, ресторанот „Де Ниеуве Винкел“ може да се пофали со две Мишелин ѕвезди и една зелена Мишелин ѕвезда. Ресторанот беше отворен во 2011 година, а готвачот Емил ван дер Стак и неговиот тим создаваат експериментални менија без месо, користејќи голем број растенија, корени, цвеќиња, јаткасти плодови, некои одгледувани во шуми за храна во селото Грусбек, на 13 километри од ресторанот.

Извор: Punkufer.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура