X
 09.05.2017 Образование

Училишната задача на една наставничка која учениците ја помнеле цел живот

Пред неколку години, во магазинот „Reader's Digest“ се појавила статија за исклучителна наставничка која после една училишна задача, ги натерала сите ученици да веруваат во себеси и својата сила. Ова е мудрата лекција која ги воодушеви сите.

Наставничката по математика им ја дала следната задача: Секој од нив требало да направи список од учениците во класот, да размисли и покрај секое име да напише што најмногу му се допаѓа кај таа личност.

На крајот од часот, наставничката ги собрала ливчињата. Задачата била дадена во петок. За време на викендот, таа ги обработила сите резултати, а во понеделник таа на секој ученик му дала по едно ливче на кое биле наброени сите добри нешта што учениците ги мислеле за ученикот.

Децата читале, а се слушале коментари: „Навистина сето ова е за мене? Не знаев дека така ме сакаат“.

Наставничката била сигурна дека ја реализирала својата цел. Нејзините ученици верувале во себе.

После неколку години, еден од нејзините ученици, Марк Екланд загинал во Виетнам. На неговиот погреб отишле да се поздрават неговите пријатели, другарите од училиште и наставничката. После погребот неговиот татко ѝ пришол на наставничката и ѝ рекол: „Сакам нешто да ви покажам“ и од паричникот го извадил малку излитениот лист.

„Ова го пронајдоа во работите на Марк. Никогаш не се делеше од него. Дали го препознавате?“

Тоа било ливчето со позитивни карактеристики кои другарите на Марк ги напишале за него.

„Ви благодарам. За Марк ова беше драгоцено“, рекла мајката на Марк.

И тогаш се случило неочекуваното: еден по друг, некогашните соученици од класот започнале да ги вадат ливчињата. Некој од нив рекол: „Сите ние ги чуваме листовите. Кој би можел да фрли нешто такво?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование