X
 09.05.2019 Економија

Германците лани првпат повеќе користеле картички отколку кеш

Германските потрошувачи во 2018 година првпат повеќе плаќале со кредитни и дебитни картички отколку со готовина, покажува истражување на германскиот институт за малопродажба ЕХИ.

Во најголемата европска економија готовината традиционално била главно платежно средство во трансакции кои се вршат на продажно место. Но, дека таквиот тренд се менува покажа и најновото истражување што го спроведе институтот.

Германците за плаќање со готовина лани потрошиле речиси 208 милијарди евра, додека за плаќање со картичка околу 209 милијарди евра. Тоа значи дека плаќањето со картичка е за една милијарда повисоко од она со кеш.

Челникот на институтот, Хорст Руетер, овој пресврт го припишува на бесконтактното плаќање. Според него, тоа е усвоено многу полесно отколку што очекуваа и оптимистите. Руетер додава дека таквиот начин на плаќање често се користи и за плаќање прилично мали износи.

Другите експерти не се премногу сигурни дека Германците ќе се откажат од плаќањето со готовина.

- Германците се љубители на готовината и такви и ќе останат - истакна Холгер Саше од „Бостон консалтинг груп“. 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија