X
 09.06.2017 Живот

Кој е најдобриот начин да побарате покачување?

Знаете дека давате сѐ од себе на новата работа, но сепак е неизвесно дали ќе следува и покачување. Дури и да добиете признание за Вашите достигнувања, веројатно е шефот да милува да почекате за повеќе пари.

Еве неколку совети кои може да Ви помогнат како да го добиете заслуженото.

Бидете трпеливи – не може да добиете покачување секогаш кога постигнувате нова цел, но сметајте ги тие достигнувања како скалила до успехот. Почекајте да измине една година откако сте вработени или унапредени.

Побарајте фидбек
– бидете самоуверени, но прифатете и критика. Всушност неа треба да ја побарате. Ако побарате искрена оцена за Вашиот перформанс, ќе покажете дека сериозно ја работите работата.

Имајте некој број на ум
– не барајте покачување воопштено. Побарајте одредена сума на пари или процент, но пред тоа направете истражување во околината или прашајте стручни лица. Ако сфатите дека не сте доволно платени, земете си слобода да побарате повеќе.

Не го споменувајте приватниот живот – одржете ја врската професионална. Можеби Ви се потребни пари за скапата ќирија, но тоа не треба да го слушне Вашиот шеф. Покачувањата се даваат врз основа на придонесот во компанијата, а не врз основа на личните потреби.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот