X
 09.06.2018 Образование

Од кои градови се најдобрите студенти на УКИМ?

Вкупно 23 студенти се најдоа на листата на најдобрите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Од нив, четворица своите студии ги завршиле со просек 10.

Имињата на најдобрите студенти се веќе познати и сите тие се гордост за нивните најблиски, нивните професори, но и за нивните градови. А од кои градови доаѓаат најдобрите студенти на УКИМ?

Од 23, дури 10 студенти се од Скопје и тоа е единствениот град од каде има повеќе од еден студент од листата. Другите 13 студенти се од 13 различни места. Така, по еден студент има од Ресен, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Куманово, Тетово, Битола, Струга, Делчево, Прилеп, Кратово и од Слупчане. Еден од најдобрите студенти доаѓа дури од Загреб.

Листата на најдобрите студенти прочитајте ја на ОВОЈ ЛИНК

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование