X
 09.06.2022 Култура

Филм оценет како еден од најлошите истовремено е и еден од најгледаните на „Нетфликс“

Филмот „Пресретнувач“ (англ. Interceptor) е прогласен за еден од најлошите оригинални филмови на „Нетфликс“. Меѓутоа, и покрај лошите оцени, овој филм е на врвот на листата со најгледани 10 филма на платформата во повеќе земји.

Филмот премиерно почна да се прикажува на 3 јуни. Главната улога ја има Елса Патаки, која игра воен капетан и се обидува да спречи ракетен напад на САД.

Филмот добил оцена од критичарите од 44 отсто на веб-страницата „Ротен томејтос“, а оцената од публиката е само 26 отсто.

Многу гледачи ги споделиле мислењата и на социјалните мрежи, оценувајќи го како еден од најлошите на „Нетфликс“, но има и такви што сметаат дека станува збор за добар акциски филм.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура