X
 09.06.2023 Забава

Романец 14 пати добил на лото со својот метод на купување ливчиња

Знаеме дека шансите да се добие на лото се минимални. Статистичарите велат дека имаме поголеми шанси да нѐ удри гром отколку да добиеме на лото. Кога има милиони можни комбинации, треба да купите многу ливчиња доколку сакате да имате шанса за добивка. Токму тоа го направил еден романски економист.

Стефан Мандел, со помош на инвеститори и членовите на неговиот синдикат, добил на дури 14 лотарии низ светот. Во интервју, Мандел објаснил дека теоретски секој може да ги пресмета и купи сите можни комбинации. Тој, заедно со неговите партнери, успеал да смисли логистички систем за да купи ливчиња со сите можни комбинации.

Кога учествувал на лотарија во Вирџинија во 1992 година, му биле потребни 30 компјутери за да ги печати ливчињата, кои во оваа сојузна држава можеле да се купат и печатат дома. Тимот добил џек-пот од 27 милиони долари бидејќи успеал да ги купи ливчињата со сите можни комбинации. Тие освоиле и дополнителни 900.000 долари во други помали наградни игри.

Меѓународни агенции спровеле истрага за работата на Мандел и неговиот синдикат, но не биле пронајдени неправилности. Во моментов Мандел ги поминува деновите во својата куќа на плажа на оддалечен остров во близина на брегот на Австралија.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава