X
 09.07.2017 Живот

Амбициозната листа од 1972 година на Ричард Бренсон

Британскиот милијардер Ричард Бренсон уште како млад имал прилично високи амбиции - и има докази што го потврдуваат тоа.

Извршниот директор на „Virgin“, компанија која моментално вреди 5 милијарди долари, ја објави неговата листа што ја напишал уште во 1972 година, кога имал само 22 години. Ова била истата година кога тој ја лансирал „Virgin Records“, меѓутоа, пред компанијата да стане доста познат бренд.

Еве што пишувало на листата од 6 ноември 1972 година:

1. Да научам како да летам
2. Да се грижам за мене, тебе, бродот
3. Да ги забавувам сите
4. Да поканам љубезни луѓе
5. Да започнам да градам мала куќа во „The Manor“
6. Да започнам да купувам некои работи за „The Manor“
7. Работење на проекти
8. Пронаоѓање повеќе продавници

Бренсон изјави дека во неговата листа се вклучени нешта како амбиции за имот, учење како да лета и отворање повеќе продавници „Virgin Records“, па до испраќање покани до луѓе за нивното студио „The Manor“.

Тој вели дека за него листите отсекогаш биле важни, тврдејќи дека се важна алатка за поставување на целите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот