X
 09.07.2019 Култура

Доаѓа таков свет

Доаѓа таков свет,
во кој ќе биде сомнителен,
секој што е убав и талентиран.
И што има карактер.

Убавината ќе биде навреда,
талентот провокација,
а карактерот - атентат!

Бидејќи доаѓаа оние...
Грдите,
неспособните,
бескарактерните.

Со витриол ќе ја посипаат убавината,
со катран и клевета ќе го измачкаат талентот.
Ќе го прободат срцето на оние со карактер.

Автор: Шандор Мараи
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура