X
 09.07.2020 Живот

Карибите се на пат да станат првиот регион во светот oтпорен на урагани

Кога ураган од 5. категорија ќе погоди некоја држава, мал број работи можат да дадат отпор на силата на ветровите и насилните бранови. Сепак, малата нација Доминика, која е помала дури и од Доминиканската Република, е на пат да стане првата земја отпорна на урагани откако беше уништена од ураганот „Марија“.

Ураганот, кој беше од 5. категорија, го погоди островот пред две години уништувајќи 226 отсто од БДП на земјата и 90 отсто од инфраструктурата.

Опишувајќи го проектот како создавање на првата нација отпорна на климата, премиерот Рузвелт Скерит се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации по ударот на ураганот „Марија“ барајќи средства да се создаде ваква нација - нација која не само што физички ќе се одбрани од ураганите туку и економски и духовно.

- Во минатото на годишно ниво се подготвувавме за едно силно невреме. Сега, илјадници бури се формираат од обично ветре во средината на Атлантикот и тие нè погодуваат со максимална брзина - рече тој.

Планот на Скерит е да се создадат градови од структури отпорни на урагани кои нема да оставаат планини од рушевини.

- Предизвиците не се поврзани само со инфраструктурата - вели Пепе Бардуил, извршен директор на владината Агенција за отпорност на климатски промени на Доминика. Тој верува дека градењето нација отпорна на климата почнува со секој човек, со оглед на тоа како одлуките за планирање што ќе ги донесат ќе издржат под ветрови од 300 километри на час.

dominika
Фото: Pixabay

Агенцијата треба да воспостави унифицирани кодови за градење, геотермални енергетски фабрики, болница и здравствен систем отпорен на урагани и подобрен јавен превоз.

Визијата на премиерот вклучува и просперитетна индустрија за екотуризам што може да ја наполни државната каса пред и по невремето да ги сруши.

Постои само една депонија во Доминика, и таа е речиси полна. Чистењето на пластичниот отпад и префрлањето кон биоразградливи предмети како шишиња, амбалажи за храна и друго, ќе биде клучно за стратегијата на Агенцијата да ѝ помогне на земјата да изгледа поубаво за патниците. Пластичното ѓубре е расфрлано наоколу при ураганите, уништувајќи ја природната убавина на земјата.

Во 2018 година Скерит донел забрана за пластика и други остатоци, како што се сламки за еднократна употреба и стиропор, за да помогне во креирањето на имиџот на беспрекорен Карипски Остров кој ќе привлече туристи. Наредната година Актот за климатска отпорност стапи во сила и се роди Агенцијата за отпорност на климатски промени на Доминика.

Оттогаш економијата порасна за 9 отсто. Туристите се повторно на плажите, а децата повторно во училниците. Нова најнапредна болница беше отворена во август 2019 година, додека изградбата околу островот создаде 500 нови дома, а уште 1.000 се на пат.

Опишана и како „Островот на природата“ поради тропските дождовни шуми исполнети со шарени птици што кружат околу вулканите, а тука се и плажите со бела, кафеава, па дури и црна песок, Доминика не е само место за маргарита и сончање, туку и место за авантура и истражување.

Како и многу други земји, и Доминика претставува одлично место за одмор - а одморот претставува начин за директно и ефикасно поддржување на економија отпорна на климата.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот