X
 09.07.2022 Живот

Германски град ќе затвора улици за жителите да може да се дружат и да спортуваат

Доколку летово се најдете во Дортмунд, нека не ве изненадат празните улици и маса луѓе кои се дружат или спортуваат надвор.

Властите во овој германски град најавиле дека ќе им овозможат на граѓаните да поднесат молба за затворање на улиците за привремено да се ослободи простор за дружење, играње и спортување на улица.

Како што велат од градот, летото таму знае да биде топло, полно со туристи, а понекогаш и здодевно, па затоа граѓаните може да си ги вратат локалните улици и да ги претворат во јавен простор, барем накратко.

Од развивањето на автомобилската индустрија, улиците се во служба само на автомобилите, а многу деца и возрасни сакаат да ги користат на друг начин, изјавиле од градот.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот