X
 09.07.2022 Култура

Погледнете го морничавиот трејлер на претстојниот хорор-филм „Насмевни се“

Секој љубител на хорор-филмовите се надева дека филмот што одлучил да го гледа ќе биде навистина страшен, но ретко кој трејлер има такво влијание.

Трејлерот на филмот „Насмевни се“ (Smile), нов хорор-филм и деби на режисерот Паркер Фин, е редок исклучок. Тој беше објавен неодамна и е доста морничав, особено поради неколкуте добри „старомодни“ насмевки.

Иако трејлерот не содржи многу објаснувања за филмот или ликовите, ја кажува основната премиса на филмот: откако ќе видат некоја страшна, навидум невидлива работа, луѓето одеднаш се смируваат со застрашувачка насмевка, а умираат една недела подоцна.

Трејлерот е морничаво смирен и максимално ја користи едноставната премиса на филмот, задржувајќи го фокусот на актерите.



Извор: Polygon.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура