X
 09.08.2019 Наука

На Канада ѝ е потребна вашата помош за чистење на вселенскиот отпад

Моментално десетици делови од ракети и „пензионирани“ сателити орбитираат околу Земјата и во секој момент еден од тие вселенски отпади може да удри во активен сателит или вселенски брод, потенцијално предизвикувајќи штета и потенцијално убивајќи астронаути.

Канада не знае што да прави со сиот тој отпад, но се надева дека другите знаат.

Одделот за национална одбрана и канадските вооружени сили неодамна објавија барање за предлози за тоа како нацијата би можела ефикасно да го отстрани вселенскиот отпад од орбитата на Земјата.

Канада сака системот да не чини многу, а да биде ефикасен и да може да се справи со различни големини на отпад. Предлозите треба да бидат поднесени до 9 септември. што значи дека имате само еден месец за да ги кажете вашите идеи.

Сепак, треба да знаете дека некој веќе тестирал систем за ловење на вселенскиот отпад со харпун и Канада не беше импресионирана.

- На прототип тоа изгледа одлично - грабнувате делче и го носите тука. Но, нема можност за унапредување. Па, ако, на пример, сакате да симнете стотици или милиони нешта, ви треба нешто подобро - истакна канадскиот астрофизичар Џеси Роџерсон.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука