X
 09.08.2019 Живот

Подобро робот да ми ја преземе работата отколку човек

Безброј студии дошле до истиот заклучок: роботите ќе им ги украдат работните места на многу луѓе.

Но, според една студија фокусирана на автоматизацијата, спроведена од страна на истражувачите од Техничкиот факултет во Минхен, мнозинството луѓе повеќе би го сакале тоа сценарио наместо да ја изгубат работата поради некој човек.

За да ја направат студијата, истражувачите испитале 300 луѓе и само 37 отсто од испитаниците рекле дека повеќе би сакале работата да ја загубат поради човек отколку поради робот.

Следното истражување било фокусирано на тоа како испитаниците би се чувствувале кога би биле заменети од робот или човек, па истражувачите утврдиле дека човекот би имал поголемо влијание врз нечии чувства отколку роботот.

Со други зборови, тие би се чувствувале полошо ако ги загубат работните места поради човек отколку кога робот би им ја презел работата.

Истражувачот Армин Грануло истакнува дека едно објаснување за резултатите може да е тоа што луѓето не очекуваат да се способни да се натпреваруваат со роботи, па губењето на работата поради робот не би имало толку големо влијание врз нивните чувства.

Но, губењето на работата поради човек значи дека сте ја загубиле битката со некој ист како вас и тоа знае да боли.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот