X
 09.08.2022 Политика

САД имаат изгубено 3 нуклеарни бомби кои уште не се најдени

САД изгубиле три нуклеарни бомби низ годините. Тие сè уште не се пронајдени.

На 17 јануари 1966 година два американски воени авиони се судриле во воздухот. При сударот, остатоци од авионите, меѓу кои имало и нуклеарни бомби, паднале над шпанското село Паломарес и Алборанското море. Подоцна биле пронајдени повеќето од бомбите, но една останала изгубена во океанот.

Во меѓувреме, при друга слична несреќа на 10 март 1956 исчезнал авион кој носел оружје кон Мароко.

На 5 декември 1965 година воен авион на САД бил загубен откако потонал во морето за време на воена вежба.

Така, три нуклеарни бомби на САД остануваат загубени во водите низ светот до денес.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика