X
 09.09.2020 Живот

Гордон Ремзи бара млади луѓе со кои ќе патува и ќе готви низ светот

Доколку сакате да ги гледате емисиите на Гордон Ремзи и сакате да бидете во една од нив, ова може да биде шанса за вас. Познатиот готвач бара млади луѓе што ќе бидат дел од неговата најнова серија.

Тој бара лица на возраст помеѓу 16 и 21 година кои ќе бидат подготвени за авантура со него на некоја дестинација во светот. Повикот бил објавен на „Твитер“ во август. Во него не се откриваат детали за новата серија, но Ремзи изјавил дека ќе има неверојатни предизвици во некои од најубавите земји во светот.

- Бараме талентирани млади луѓе со страст за храна, авантура и голема љубопитност да искусуваат и откриваат нови култури - се вели во повикот.



Оние што сакаат да се пријават треба да пополнат формулар со 45 прашања. Меѓу другото, кандидатите треба да објаснат како пораснале, да ги опишат нивните најголеми авантури, но и да зборуваат за фобиите што ги имаат и нивните најдобри рецепти.

Кандидатите треба да бидат жители на САД или да имаат дозвола за работа или патување во која било од локациите на кои ќе се снима серијата. Нема податоци за локациите што ќе бидат посетени.

Автор: Клара Шепард
Извор: tyla.com
Фото: Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот