X
 09.09.2020 Живот

Кабина со звучна изолација за работа од дома

Сè повеќе луѓе работат од дома поради пандемијата на коронавирусот. Затоа, една јапонска компанија создала производ кој ќе им ја олесни работата.

„Отегару“ претставува кабина со звучна изолација во која може да работите без да бидете прекинувани и во која може да имате онлајн-состаноци во мир. Цената на кабината е околу 1.800 долари.


Фото: Pia Living

Кабината ги одбива надворешните звуци со апсорпција на звукот и изолација. Направена е од брановидни плочи со слој за звучна изолација и фенолна смола за апсорпција на звукот. Кабината ја намалува бучавата за околу 15 децибели, велат од компанијата.


Фото: Pia Living

Кабината пристигнува во делови и се составува за околу еден час. Тежи 50 килограми и е висока речиси 2 метра. Во неа има и вентилатор, ЛЕД-светилки и маса, а може да се набави во бела или во кафеава верзија. Засега е достапна само во Јапонија.

Автор: Корин Рајкарт
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот