X
 09.09.2020 Наша тема

Најголем интерес за студирање има за ФИНКИ и Медицина на УКИМ

Порасна интересот за наставната насока на струките на Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и за етнологија, вели деканот проф. д-р Ицко Ѓоргоски


750 студенти од можни 1.000 се примени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, со што на овој факултет има најголем интерес за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Деканот Иван Чорбев вели дека очекуваат заинтересирани и во вториот и во третиот уписен рок, но и дека очекувале интересот да биде помал поради помалобројната генерација на матуранти годинава.

На 10 и 11 септември студентите треба да се запишат, што подразбира дека треба да се испочитуваат протоколи за да се избегне метеж.

- Главниот дел од запишувањето ќе го реализираме на отворено, со повеќе пунктови, ќе ги носат документите во плик, ќе ги поделиме во групи, најверојатно според бројот на запишување, и така ќе избегнеме метеж. Отпосле ќе ги отвораме пликовите и доколку недостига некој документ, потенцијалниот студент ќе биде контактиран - рече проф. д-р Чорбев.

На Медицинскиот факултет во Скопје и годинава интересот е голем. Корона-кризата не се одрази негативно врз овие студии. Во првиот уписен рок веќе се пополни квотата за општа медицина, каде што се примени 325 студенти, а вкупно се запишани 627.

- Во вториот уписен рок ќе има слободни места за сестри, логопеди, радиолошки технолози, физиотерапевти и лаборанти. Ние сме многу задоволни од уписите, секоја година има интерес за кај нас и не се намали - вели деканката Соња Топузовска.

На Филозофскиот факултет во Скопје се запишаа 404 студенти. Деканот проф. д-р Ратко Дуев вели дека се особено задоволни од интересот, со оглед на тоа што ова е многу помала генерација.
- Најголем интерес имаше за студиите по психологија.

На Факултетот за електротехника и информатички технологии  во првиот уписен рок се замишани вкупно 156 студенти, од вкупно 500 места во редовната квота. Според податоците објавени на нивната интернет страница, најголем е интересот за насоките Компјутерски технологии и инженерство и Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика. На овие насоки, како и на остатнатите има уште слободни места и матурантите може да се пријавуваат и во вториот уписен рок.

На Факултетот за електротехника и информатички технологии во првиот уписен рок се запишани вкупно 156 студенти, од вкупно 500 места во редовната квота. Според податоците објавени на нивната интернет-страница, најголем е интересот за насоките компјутерски технологии и инженерство и компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика. На овие насоки, како и на останатите, има уште слободни места и матурантите може да се пријавуваат и во вториот уписен рок.

Проф. д-р Соња Геговска-Зајкова, продекан за настава, за Факултети.мк вели:
- Не сме многу задоволни од бројот на пријавени кандидати, меѓутоа, радува фактот што сите имаат висок просек на успехот од средното образование. Доаѓа вториот уписен рок и се надевам дека ќе се пријават уште кандидати.
Од досега пријавените кандидати, двајца бруцоши се со претходно факултетско образование.

На Природно-математичкиот факултет во Скопје се запишале вкупно 260 студенти во првиот уписен рок, што е само за двајца помалку од лани. Деканот, проф. д-р Ицко Ѓоргоски, е презадоволен од интересот, особено од тоа што се истакнале и целосно се пополниле квотите за молекуларна биологија и нутриционизам.

- Се радувам што кандидатите за кои немаше место во овие две струки се согласија да се запишат на насока што е најсродна на онаа која била нивен прв избор, каде што имаше помал интерес во првиот уписен рок. Исто така, и на етнологија годинава имавме зголемување – лани беа четворица, годинава – 12. Нè радува и што порасна бројот на студенти за наставните струки - вели Ѓоргоски. - вели Ѓоргоски.

На Економскиот факултет во Скопје се запишаа 430 студенти, од кои најголем интерес имало за е-бизнис и за сметководство.

На Факултетот за дизајн и технологија на мебел се запишани 79 студенти. Од нив 71 се на дизајн на мебел и ентериер. Деканот, проф. д-р Трпоски, вели дека очекуваат во вториот рок да ја преминат бројката од 100 студенти.
- Нашите предвидувања се нешто над 95 - вели Трпоски.

На Факултетот за драмски уметности исто така имало поголем интерес. Дури 18-мина се бореа за место во класата за режисери. Втор уписен рок ќе нема.

На Градежниот факултет се примени 80 студенти, а очекуваат уште кандидати во наредните два рока.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се примени околу 1.100 студенти. Проректорот за настава, Мишко Џидров, вели дека бројките се исти како лани и дека очекувале да биде полошо, со оглед на ситуацијата.

900 студенти се запишаа годинава на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, што и, според очекувањата, е помалку од ланската година. 

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема